Изгубен – Љупчо Петрески

  Понекогаш додека пешачиме, наоѓаме необични работи. Но понекогаш знаеме да се изгубиме. Тогаш трчаме неуморно. Трчаме пред сонцето да зајди, уплашени дека ќе се изгубиме во темнината, уплашени од другите и од самите себе, уплашени дека од барањето на вистинската насока ќе скршниме од патот по кој сме тргнале.