Slava Mogutin – Слава Могутин (p.1974)

 

Јарослав Слава Могутин е роден во индустрискиот град Кемерово, Сибир, во Советскиот сојуз во 1974 година. Во младоста се преселува во Москва каде почнува да работи како новинар во првите независни весници во Русија. Со објавувањето на неколку свои написи и поезија станува трн во окото на Руските власти со својата отвореност кон хомосексуалноста и слободата на изразување.Активната вклученост во уредувачката политика во првите независни весници, радија и списанија во Русија, Могутин го обележаа како еден од најистакнатите гласови на пост-Перестројка новинарството, вклучувајќи го тука и јавното обелоденување на својата хомосексуалност и текстовите и поезијата со хомосексуална содржина. Во тој период го среќава Американскиот артист Роберт Филипини, со кој, се обидува да стапи во легален истополов брак во Русија. Со тоа ја прелева чашата, и Руските власти му се закануваат со затвор во траење од 7 години по десетина обвиненија, вклучувајќи ги тука обвиненијата за „поттикнување на општествено, национално и религиско раслојување, физичка патологија и сексуална перверзија.“ Со помош на Амнести интернешнл и Американскиот ПЕН-Центар, Слава Могутин добива политички азил во САД во 1995 година.

Во периодот по неговото доаѓање во Њујорк, Могутин го сменува своето име во Слава (алудирајќи на буквалното значење на зборот „слава“ во словенските јазици), почнува да работи превод на поезијата и прозата на американските автори Ален Гинсберг, Вилијам С. Бороус и Денис Купер на руски јазик, како и сé повеќе да се вклучува во Њујоршката арт сцена. Во 1999 година го снима и арт-порно филмот  Skin Flick на уметникот Брус ЛаБрус (во песната „Ќе речат за мене“ стихот но ја еби Ники Умберти се однесува на секс сцената со моделот Ники Умберти, тогашна девојка на официјалниот фотограф на филмот Тери Ричардсон).  Денес целосно е посветен на својот уметнички проект SUPERM заедно со својот партнер Брајан Кени, како и на фотографијата објавувајќи свои фотографии во повеќе модни, уметнички и квир списанија ширум светот како: I-D, Flaunt, Village Voice, Visionaire, Stern, Butt Magazine, The New York Times, L’Uomo Vogue. Од 2011 е и официјално американски државјанин, со легално сменето име Слава Могутин.

Неговата поезија главно е инспирирана од идентитетот и преселбата, трансгресијата и дисфигурацијата на мажественоста (што како тема се повторува во неговите фотографии), мешањето на половите, адолесцентната андрогеност, судирот со општествените норми и индивидуалните желби како и врската помеѓу омразата, љубовта и несаканоста.

ЌЕ РЕЧАТ ЗА МЕНЕ

Овој дечко не знаеше за срам

Овој дечко не знаеше за страв

Како момче паднал од гнездо

И умрел од ебење ради-реда

Тоа ќе го речат

Се посра на сите закони во животот

И плукна на правото на смрт

Неговата татковина кур не ја боли за него

Но ја еби Ники Умберти

Тоа ќе го речат

Се капеше во зраците на славата

Пливаше во океани од сперма

Ги презираше слабите

И секогаш беше меѓу првите

Тоа ќе го речат

Живееше со различни племиња

Под различни имиња

Се вљубуваше

Да ти ебам белјата што повеќе не е со нас

Да ти ебам белјата што ние сеуште сме живи

Да ти ебам белјата што сеуште одиме

Е да беше сега меѓу нас

Ќе ни ги раскинеше нозете

На нивно место ќе ставеше стапови

Бидејќи сме изроди

Исто како нашите богови

Бидејќи сме тетки трачарки

2001, Њујорк

Текст и препев: Љупчо Петрески

Фотографија: Слава Могутин, автопортрет

Advertisements

One Comment Add yours

  1. Hey can u help me get followers

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s