ПРОБЛЕМИ СО ТАГУВАЊЕТО – КСИ ЧУАН

Една мравка умира и нема кој да ја жали
една птица умира и никој не ја жали освен ако не е качулкаст ибис
еден мајмун умира, а мајмуните тагуваат
еден мајмун умира, и луѓето му го отвораат черепот
една ајкула умира, а другата ајкула продолжува да плива
еден тигар умира, а некои луѓе тагуваат тажејќи се себеси
еден човек умира, а некои луѓе тагуваат други пак аплаудираат

една генерација умира, а следната генерација навистина не жали
една држава умира, и најчесто остава апокрифи

држава што не остава апокрифи не е вистинска држава

ако не е вистинска држава, кога умира нема кој да ја жали
никој не жали а ветрецот дува залудно
реките течат залудно, миејќи ги камењата залудно
облеани залудно, забранувани залудно
реката умира, нема што тука човекот да ја жали
ветрецот умира, нема што тука човекот да го жали
реката и ветрецот стигнуваат до морето, морето ширно како во Чуанг
ширното море умира, а и ти ќе умриш
змејот крал умира, а и ти ќе умриш
месечината не тагува, нема никој на месечината
ѕвездите не тагуваат, ѕвездите не се од крв и месо.

ПРЕПЕВ:Љупчо Петрески

СЛИКА: Dog Mourning Its Little Master by A Archer

Leave a comment