Денис Купер (р. 1953) – Избор поезија

После училиште, фудбал на улица, осмо одделение

 

Со фармерките обелени, пресечени

малку над колена, моите

другари и јас ги гледавме

од мојот трем, стихозбирки

изгубени во нашите скутови, очи ококорени

ко на тропска риба зад очилата.

 

Топката засветува од рака

в рака, патиките засвиркуваат

врз асфалтот, потта засјајува врз

нивните цврсти грбови. сонувавме

како ги гушкаме, и тријаме меѓу нозе

подоцна во чудни места затворени, и свршуваме.

 

Еднаш топката им падна накај нас

двајца од нив ни дојдоа, со рацете

на колкови, барајќи ја

да им ја фрлиме, Артур им ја дофрли,

лошо, а тие потоа ја шутираа.

Едниот се сврти и рече:„Фала“

 

мечтаевме за неговите долги

заби зариени кај нас во врат. Ние

посакувавме да ни се придружат,

да ги настискаат нивните влажни пазуви

врз нашите усни, а потоа и нивните бели

газиња, а потоа и тие безобразни усти.

 

Еден ден еден од нив беше многу уморен,

не се движеше доволно брзо,

па го удри кола и се истркала

педесет стапки подалеку, секси, но тој беше

мртов, во крв црвена како кармин, за потоа

сите тие момчиња да се собрат

 

на тротоарот и ние им се придруживме

мешајќи се како едно големо друштво

за полицајците, да нé прашаат што видовме,

бидејќи другиве момци беа премногу тажни да се сетат.

Му го знаевме името, Тим,  и како

ќе се завртеше за да ни се заблагодари љубезно

 

но сега покриен под чаршав

и анонимен како Бог, големите момци плачеа,

пцуеа врнеа, а ние вчудоневидени

како што се интелектуалците, и нашите

врисоци меки како ѕвечкањето на

лустерот од таванот превисок да се види.

 

Оглас

 

На огласот

слика

од памтивек.

Гледајќи

ја, мажите

плаќале илијадарки

да ги отовораат

домовите, срцата

и устите

за тој младич,

за потоа да сфатат

дека некој друг на нивна

возраст стои

на нивно место,

тогаш се

растажуваат,

па гребат од

остатоците.

Од добриот

лов, само овој

оглас преживеал

како некој фосил

одамна исчезнат

вид, потклекнат

лежерно надолу.

Препев: Љупчо Петрески

Фотографија: Peter Hujar, 1969

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s