Свадба – Ари Баниас

Celebrating Pride – современа квир поезија секој ден следните две седмици!

Луѓе, премногу луѓе има тука –

Пијат, се потпираат на мебелот,

Му честитаат на татко ми

За неговиот нов живот. Еве ја

Неговата млада сопруга, доволно млада

Да ми биде постара сестра.

Таа –ако не ја знаеш

Целата вистина –е фина.

Но тој ја крши чашата

Од масата, вика

Повеќе од било кога. Освен

Ако јас погрешно не се сеќавам. Знам

Дека се плашев. Од него. И така.

Знам дека играв сам

Со кукли и дека

Се толчевме, грубо

Како браќа. Што е татко

Е прашање исто како што

Е домот, или љубовта. Сред соба

Гостите со рацете врз ужасната цветна софа

Од која мајка ми не можеше да стани

Кога слушна. Во сив пењоар

Цела недела, ужасни дамки

Од розови и виолетови цвеќиња со зелено

За дршките. Или лисјата, не можам

да ги гледам.  Има нешто врело

зад моите очи уште една чаша вино

која треба да ја наполнам.

Има луѓе со кои треба да се поздравам.

Препев: Љупчо Петрески

Фотографија: Јуки Џејмс

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s