Овие дланки, Ако не се Богови – Натали Дијаз

 Celebrating Pride – современа квир поезија секој ден следните две седмици!

 

Да не се движеа како реките –

Како Славата, како светлина –

Над седумдневноста на твоето тело?

 

Зар не беше добро?

Тие на твоите колкови—

 

Зар не е ова што Бог го почувствувал кога го прегрнал

Првиот Возљубен: Сѐ.

Треска. Пареа. Атман. Пулс. Конечно,

Грев вреден за повреда. Конечно, едно слатко, едно

Ти си моја.

 

Тешко е да не веруваш во ова:

Од сино-кафенавата глина на ноќта

Овие две грнчарки те оформуваат и измазнуваат

Во битие – слепуваат, потоа обликуваат – те оформуваат –

 

Атлас од коска, полиња од мускул,

Една града од смоква, друга од славеј,

И од утрото и од вечерта.

 

О, убавните што ги прават –

Од вртење и издлабување, страдање и ѕвезди –

 

Зар не се тие, исто така, темните резборесци

Од твојата мала црква? Зар не изгореа

На олтарот од твојот стомак, го изедоа лебот

Од твоите бедра, па се префрлија на вино, на ихор,

На нектарска гозба?

 

Не беа тие што ви ги врзаа зглобовите, не беа тие

Што ве натераа да клекнете?

 

И кога овие дланки го допреа твојот врат,

Ти покажаа како да го јадеш јаболкото и реброто,

Како да пикнеш палец в уста и да вкусиш сѐ,

Зар не ги испеа сите нивни дведедесет и девет имиња –

 

Захир, Алеф, дланка-време-седум,

Сфинга, Леонидс, locomotura,

Рубидиум,  август и септември –

И кога извика Еј, Прометејци,

Зар не ти донесоа оган?

 

Овие раце, ако не се богови, тогаш зошто

Кога ќе дојдеш кај мене, и те враќав

Од каде што доаѓаш – светла кал, минерална  сол –

Зошто тогаш шепотиш, Ох, моја Хекатонхирка, моја  Центиманка,

Моја сторака?

Препев: Љупчо Петрески

Илустрација: Рита Лехер

 

 

 

Leave a comment