Супермаркет во Калифорнија – Ален Гинсберг

 Celebrating Pride – современа квир поезија секој ден следните две седмици!

 

Што мислам за тебе вечерва, Волт Витман, додека одам по тротоарот под дрвјата со главоболка самосвесно гледајќи кон полната месечина.

Со мојот гладен замор и купување слики, влегувам  по овошје во неонскиот супермаркет cонувајќи за твоите нумерирања!

 

Какви праски и какви пенумбри! Цели семејства купуваат ноќе! Рафтови полни со сопрузи! Сопруги во авокадата, бебиња во доматите! – а ти, Гарсија Лорка, што правиш таму покрај лубениците?

 

Те видов, Волт Витман, бездетен, осамен стар грабливец, ѕиркајќи од зад фрижидерот за месо и меркајќи ги момчињата од пиљарата.

 

Те слушнав како им поставуваш прашања на секој: Кој ги убил свинскиве кременадли? Колку чинат бананите? Дали ти си мојот Ангел?

 

Талкав околу брилијантните купишта конзерви следејќи те, и те следев во мојата имагинација од надзорникот во маркетот.

 

Заедно минуваме низ отворените коридори во нашата осаменичка фантазија вкусувајќи артичоки, поседувајќи го секој смрзнат деликатес, и никогаш не одминувајќи го касиерот.

 

Кај ќе одиме, Волт Витман? Вратите ги затвораат заеден час. Кон каде твојата брада покажува вечерва?

 

(Ја допирам твојата книга и ја сонувам нашата одисеја во супермаркет и се чувствувам апсурдно.)

 

Ќе талкаме ли цела ноќ низ осамените улици? Дрвјата додаваат сенка на сенката, светлата згаснуваат во куќите, и двајцата ќе бидеме осамени.

 

Ќе шеткаме сонувајќи за изгубената Америка на љубовта поминувајќи сини автомобили по автопатите, дом на нашата тивка колипка?

 

Ех, драг татко, белобрадецу, осамен стар храбар учителу, каква беше Америка

Кога Харон се откажа од управувањето на својот ферибот а ти застана на зачаденото крајбрежје и го набљудуваше бродот како исчезнува во црните води на Лета?

Беркли, 1955

Препев: Љупчо Петрески

Фотографија: Ален Гинсберг пред портретот на Волт Витман

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s