Летен распуст (посветено на Sylvia Plath) – Љупчо Петрески

Двајцата ги сакавме летата и летниот дожд. Баш како тој летен ден среде август. Недела, ништо посебно нема што да се прави, освен да се очекува вечерта и игранката во Ten Acres. Времето спремно за врнење, а ти така добро дотерана за игранката. Девица подготвена да заведува! Американска ладна кралица која пие безалкохолно пиво и потајно сака да се трие со својот вечерашен партнер зад салата.

Вчера додека се шетавме низ улиците и ги сретнавме сите тие лица, се почувствував гордо, Силвија, но да бидам искрен после тоа сакав да те легнам. И кога после игранката ми рече дека сé што сакам од тебе е само да те легнам, јас ти реков Немој така! Вистината боли! Но, ти не ми се налути, ме сфати … Признај, и ти сакаше да легнеш со мене, нели? Дождот го расипа сето она што можеше да биде таа вечер. Јас дома дркав на тебе таа вечер, ти девствено ја опиша нашата средба во твојот дневник. Ако.

Но едно знам. Јас сум тој Емил кој совршено се вклопува во сликата за совршен маж на Силвија. Убаво лице со темни очи и темна коса, знам дека мојот лик те пали. Сето ова го  надополнува малиот допир на сериозност и хемиски магнетизам меѓу нас како последен дел од сложувалка. Пијам, пушам, Католик сум и трчам по секој еден … но ти таков ме сакаш!

Можев срцето да ти го слушнам како силно ти бие, кога го почувствува мојот пенис близу тебе, како пулсира преку пантолоните додека танцувавме – гради до гради, дланка во дланка. А јас ти реков Не ме гледај! Само што излегов од базен, жежок и влажен! И таа твоја насмевка… сите овие години ми недостига таа твоја насмевка …но успевам да ја оживеам секој пат во кревет со некого, но само кратко, оргазмички кратко, а потоа ништо …

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s