Пиењето Кола со тебе – Френк О’ Хара

е позабавно отколку да одам во Сан Себастијан, Ирун, Хендаје, Биариц

Бајон

или до толку да ми е лошо на Травесера де Грација во Барселона

делумно бидејќи во твојата портокалова кошула изгледаш посреќен од

Св. Себастијан

делумно бидејќи те обожувам, делумно бидејќи обожуваш

јогурт

делумно поради флуресцентните портокалови лалиња околу брезите

делумно поради таинственоста на нашите насмевки пред луѓето и

скуптурите

Не можам да поверувам дека кога сум со тебе може да биде нешто

толку мирно

а толку свечено и непријатно постоечки како сите тие скулптури

пред нас

во топлиот Њујорк во 4 часот лесни како пердуви се нишкаме

меѓусебно како дрво што дише низ очилата

 

и изложбата на портрети без лица на нив, само боја

и ти одненадеж се прашуваш зошто некој би ги нацртал

 

Погледнувам

кон тебе и повеќе би сакал да те гледам тебе отколку сите тие портрети

на светот

освен можеби Полскиот јавач понекогаш а и во

Фрик е

за среќа сé уште не си пошол таму па можеме заедно да одиме

за прв пат

а и тоа како убаво се движиш  и пројавуваш интерес

за футуризмот

бидејќи дома не помислувам на Актот што слегува по скали или

на проба  на ниту една слика од Леонардо или Микеланџело кои

порано ме воодушевувале

која е поентата да го истражуваш импресионизмот

кога вистинската личност никогаш не стои близу дрвото кога

сонцето заоѓа

или пак кога Марино Марини не го одбра јавачот

толку внимателно

како коњот

 

Изгледа како сите ние да сме прелажани од некое чудесно искуство

кое нема да ме совлада токму затоа ти го кажувам

сето ова

 

Препев: Љупчо Петрески

Фотографија: Вилијам Гедни, 1978

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s