Мојата љубавница е жена – Пет Паркер

 

I.

Мојата љубовница е жена

И кога ќе ја прегрнам

Ја чувствувам нејзината топлина

Се чувствувам добро

Се чувствувам сигурно

 

Потоа – никогаш не помислувам на

Семејните озборувања

Никогаш не ја слушам сестра ми како вели

Машкуданки, настрани, смешни

Дојди види нѐ, но немој

Не ги носи пријателите

Ние немаме проблем,

Но не ѝ кажувај на мама

Ќе ѝ го скршиш срцето

Никогаш не сум знаела

Татко ми се превртувал в гроб

Никогаш ја немав видено мајка ми како вика

Боже, што дете ќе беше ова?

 

II.

Љубовницата моја е со руса коса

И кога ќе ја протрие по моето лице

Ја чувствувам така мека

Како илјадници прсти

Ја допираат мојата кожа и ме гушка

А јас се чувствувам добро

Потоа –никогаш нема да помислам на малечкото момче

Кое ме плукаше и ме викаше црнчуга

Никогаш не помислувам на полицајците

Кои ме удираа по тело и велеа да лазам

Никогаш не помислувам на црните тела

Што висат по дрвјата или ги полнат

Дупки од куршуми

Никогаш не ја слушам сестра ми како вели

Косата на белците смрди

Не им верувај

Никогаш не сум знаела дека татко ми

Се превртува во гробот

Никогаш не сум ја слушнала мајка ми да каже

Нешто за болката во грбот по чистењето подови

Никогаш не сум ја слушнали да вика

Боже, какво дете е ова?

 

III.

Очите на мојата љубовница се сини

И кога ќе ме погледне

Јас лебдам во топло езеро

Мускулите ми ослабуваат од желба

Да се чувствувам убаво

Да се чувствувам сигурно

 

Потоа –не помислувам на сините

Очи кои зјапаа во мене

Преместија три столици подалеку од мене

Во бар

Никогаш не сум ја слушнала сестра ми бесна

За сифиличните црнци како

Морски прасиња

Бесна на стерилните деца

Гледајќи како запираат на

Раскрсница да уплашат стара

Бела кучка

Никогаш не сум знаела татко ми

Се првртувал во гробот

Никогаш не се сеќавам на мајка ми

Како ме учи на сите „да“ „господине“ и „госпоѓо“

За да преживеам

Никогаш не сум ја слушнала мајка ми како вика

Боже, какво дете е ова?

 

IV.

И кога одиме во геј бар

И кога моите луѓе ме избегнуваат бидејќи сум ја

Преминала линијата

И кога нејзините луѓе се обидуваат да дознаат што

не е во ред со неа

кое пореметување

ја донесло кај мене

и кога одиме по улиците

на овој град

забораваме и се допираме

или држиме за раце

и луѓето

зјапаат, се џарат, намуртуваат и омаловажуваат

овие настрани

 

Се присетувам

На секој збор што ме научи

На секој збор што ми го кажа

На секоја добрина што ја направи

И потоа мразам

Погледнувам кон мојата љубовница

И одеднаш

Се сомневам

 

Потоа –ѝ ја стегнувам дланката поцврсто

И можам да ја слушнам мајка ми како вика.

Боже, какво дете е ова?

 

Препев: Љупчо Петрески

Фотографија: Бетина Реимс

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s