Летен распуст (посветено на Sylvia Plath) – Љупчо Петрески

Двајцата ги сакавме летата и летниот дожд. Баш како тој летен ден среде август. Недела, ништо посебно нема што да се прави, освен да се очекува вечерта и игранката во Ten Acres. Времето спремно за врнење, а ти така добро дотерана за игранката. Девица подготвена да заведува! Американска ладна кралица која пие безалкохолно пиво и…

Она што не го знаев – Љупчо Петрески

Прв пат почувствував кур кога имав пет години. Завршив во болница поради некоја болест, веќе не се ни сеќавам која, ама сѐ уште го чувствувам топлиот здив од неговата уста и мирисот од кората на портокал на масичката покрај неговиот кревет. Се сеќавам дека беше прилично студена зима, пред Нова година, доцни осумдесети. Посетите беа…

Крај – Љупчо Петрески

И двајцата имавме по 14 години кога прв пат се запознавме. Брзо станавме пријатели. Имавме многу заедничко – ја сакавме Nirvana, пушење цигари или џоинт (кога имавме пари) на покривот од зградата, пиво, Кафка, Ерика Јонг и Тwin Peaks. Со часови можевме да зборуваме и да даваме сопствени интерпретации на секоја епизода од Twin Peaks….

Сите спијат сами – Љупчо Петрески

Сето ова време поминато во преиспитувањето на мојата сексуалност, градејќи ја својата самодоверба, бодрејќи си се себеси и обидувајќи се да се снајдам во ова лудо општество – конечно сфаќам дека денес се соочувам со уште еден предизвик: како да преживееш како самец. Сте се запрашале денес колку е лошо да се биде самец? Единка…

Губејќи ја формата во темнината – Дејвид Војнаровиц

Едноставно е: човекот без око наспроти ѕидот што се распаѓа, суптилно влошување на времето, засенчување, на сликите врежани во ѕидовите што се ронат.  Види ја едноставната контура на кучешка глава во гипсот, едноставна како плисокот од риба во сон, а потоа и дупката во ѕидот малку подолу, која го врамува нерамното небо преполно со парченца…

СОЅВЕЗДИЕ – Љупчо Петрески

       Станот, како и сите други станови во соседството почнува ужасно да мириса на мувла и старост. Ѕидовите се ронат како лушпа од јајце, оставајќи снегулки вар по рабовите на собата. Мајка ми вели тоа е поради пареата што ја создава супата која секојдневно се вари на шпоретот. Се нема пари за друг…

КАСАПЕЊЕ – Љупчо Петрески

Мирисот на неговото тело ја прогонува каде и да е, со кого и да е,  кога и да е. Станува зависна од тој мирис, дури и на пазар додека ги купува намирниците од списокот за пазарење. Мирисот на крушите се меша со кедарот разнесен по неговата кожа, доматот мириса на неговата блага пот измешана со…

Геј прозата на Е.М. Форстер

  Последниот објавен роман на Е.М. Форстер додека бил жив е „Патување во Индија“, во 1924 година. Но, Форстер живеел до 1970 година, и во последните 37 години од својот живот не објавил ниту едно прозно дело, претпочитајќи да пишува есеи. Неговата креативна тишина истовремено ја збунила и разочарала неговата читателска публика: зошто еден признат…

Исход – Љупчо Петрески

  Упорно ѕвонам на неговиот мобилен веќе половина час. Не ми крева. Знам дека го слуша ѕвонењето, но поради фактот што после прекинувањето на ѕвонењето треба да ми го слушне гласот претпочита да ги слуша вознемирувачките вибрации на мобилниот телефон. Повторно ѕвонам додека ја отклучувам влезната врата. Бесцелно, не крева. Ги спуштам ташната  и ќесите…

Саморазоткривање – Љупчо Петрески

  Низ сите овие години на саморазоткривање, единствено нешто што целосно успеав да го разоткријам е мојата љубов кон мачките. Нивната константност од памтивек, нивната елегантност иста со онаа на Клеопатра, нивната милост, убавина и недостаток на самосвест. Така тоа секое утро, ете ти ги моите мачки внесени во ритуалот на лижење после оброк, ритуал…

Навики – Љупчо Петрески

  Стојам со пивото в рака, немо набљудувајќи ја колор фотографијата на ѕидот во куќата на мојот пријател Ралф и неговиот партнер. Голи гради на младо момче  и цвет на жолт божур покрај неговата брадавица. Ужасно ме потсетува на Wolfgang Tillmans. Не, вели Ралф, тоа е фотографија на мој драг пријател, Романец, направена пред петнаесетина…

Бирање – Љупчо Петрески

  Ужасно се измачувам кога имам гости на вечера поради три нешта. Никогаш не можеш да го погодиш вкусот на твоите гости кои по втор пат ти доаѓаат на вечера, а ќе ги видиш четврт пат во животот. Тој е Македонец, подолго време живее во Шведска, неговата сопруга Јапонка. Веќе две години се заедно, живеат…