Пиењето Кола со тебе – Френк О’ Хара

е позабавно отколку да одам во Сан Себастијан, Ирун, Хендаје, Биариц Бајон или до толку да ми е лошо на Травесера де Грација во Барселона делумно бидејќи во твојата портокалова кошула изгледаш посреќен од Св. Себастијан делумно бидејќи те обожувам, делумно бидејќи обожуваш јогурт делумно поради флуресцентните портокалови лалиња околу брезите делумно поради таинственоста на…

Летен распуст (посветено на Sylvia Plath) – Љупчо Петрески

Двајцата ги сакавме летата и летниот дожд. Баш како тој летен ден среде август. Недела, ништо посебно нема што да се прави, освен да се очекува вечерта и игранката во Ten Acres. Времето спремно за врнење, а ти така добро дотерана за игранката. Девица подготвена да заведува! Американска ладна кралица која пие безалкохолно пиво и…

Обновување – Џејмс Мерил

   Celebrating Pride – современа квир поезија секој ден следните две седмици! Искористувајќи го секој изговор да те раздрмам, лагите, уморот, дури и страста, Сега не гледам друг начин освен јасна разделба. Додавам дека и подготвен сум да ја сносам вината.   Климаш за согласност. Есента станува ветровита, долга, стаклена вазна со суви лисје се…

Квир – Френк Бидарт, 1939

Celebrating Pride – современа квир поезија секој ден следните две седмици! Лажи се себеси за ова и ќе се Лажеш вечно за сѐ.   Сите веќе знаат сѐ   Па можеш Да ги лажеш нив. Тоа и го сакаат.   Но да се лажеш самиот себе, само ќе се   Изгубиш себеси. Потоа ти Ќе…

САМО НА ВЕНЕРА – Трејс Питерсон

На сите другарки и другари од ЛезФем и Прво па Женско Розите се црвени/ темјанушките транссексуални/ Добредојде во женственоста / А сега гледај и учи злато Розите се перформативни/ темјанушките се биолошки / имам многу чувствителни гради / исто како и твоите Розите се биолошки/ ти имаш прекрасна кожа / не можам да престанам да…

Крај – Љупчо Петрески

И двајцата имавме по 14 години кога прв пат се запознавме. Брзо станавме пријатели. Имавме многу заедничко – ја сакавме Nirvana, пушење цигари или џоинт (кога имавме пари) на покривот од зградата, пиво, Кафка, Ерика Јонг и Тwin Peaks. Со часови можевме да зборуваме и да даваме сопствени интерпретации на секоја епизода од Twin Peaks….

Сите спијат сами – Љупчо Петрески

Сето ова време поминато во преиспитувањето на мојата сексуалност, градејќи ја својата самодоверба, бодрејќи си се себеси и обидувајќи се да се снајдам во ова лудо општество – конечно сфаќам дека денес се соочувам со уште еден предизвик: како да преживееш како самец. Сте се запрашале денес колку е лошо да се биде самец? Единка…

Денис Купер (р. 1953) – Избор поезија

После училиште, фудбал на улица, осмо одделение   Со фармерките обелени, пресечени малку над колена, моите другари и јас ги гледавме од мојот трем, стихозбирки изгубени во нашите скутови, очи ококорени ко на тропска риба зад очилата.   Топката засветува од рака в рака, патиките засвиркуваат врз асфалтот, потта засјајува врз нивните цврсти грбови. сонувавме…

ПЈЕР ПАОЛО ПАЗОЛИНИ (1922 – 1975) – Избор поезија

  Пазолини беше еден од највлијателните интелектуалци во повоена Италија – иако многумина надвор од Италија го познаваа само како одличен кинематограф, тој беше еден од најголемите италијански поети на својата генерација. Но тој беше и романсиер, драматург, литературен критичар, политички колумнист и сликар, кој често допушташе хомосексуалноста да наѕри од стиховите, текстовите и кадрите….

ДИНОС ХРИСТИАНОПУЛОС (р.1931) – Избор поезија

Уште од 50те години на минатиот век, поезијата на Динос Христианопулос предизвикува внимание и почит во грчките литературни кругови. Неговата поезија, восхитот кон ребетиката како и неговите потресни цинично-сентиментални афоризми за љубовта го етаблираа како култна фигура во Грција заедно со други геј уметници како Хаџидакис и Цароикис. Динос Христианопулос е еден од ретките поети…

Само клинци – Пети Смит

Многу е кажано за Роберт, и уште ќе се кажува. Младите момци ќе го присвојат начинот на кој одеше. Младите девојки ќе носат бели фустани и ќе ги оплакуваат неговите кадрици. Ќе биде осудуван и обожуван. Неговите испади проколнувани или романтизирани. На крајот, вистината ќе излезе од неговите дела, отелотвореното тело на уметникот. Нема да…

Губејќи ја формата во темнината – Дејвид Војнаровиц

Едноставно е: човекот без око наспроти ѕидот што се распаѓа, суптилно влошување на времето, засенчување, на сликите врежани во ѕидовите што се ронат.  Види ја едноставната контура на кучешка глава во гипсот, едноставна како плисокот од риба во сон, а потоа и дупката во ѕидот малку подолу, која го врамува нерамното небо преполно со парченца…